РЕАКЦИЈА И ОСУДА

Д. Бр. 1-22/12

 

Предмет:        РЕАКЦИЈА  И  ОСУДА

Сојузот на Tурските Hевладини Oрганизации во Македонија (МАТУСИТЕБ) најостро ја осудува изјавата на министерот за информатичко општество на P.Македонија г-динот Иво Ивановски, поради неговата јавна искажана навреда и клевета кон целиот турски народ и кон турската историја со изјавата : „ за намалувањето на времето предвидено за турски серии во македонските медиуми. Доста ни` беше турско ропство“

МАТУСИТЕБ со големо жалење и резигнација констатира дека крајно невкусната и длабоко навредливата изјава на еден министер во Владата на Р.М. придонесува кон влошување на добрите меѓуетничките односи во Р.М. како и на меѓудржавните односи помеѓу Р.Македонија и Р.Турција.

Поради оваа непромислена и провакативна изјава на министерот за информатичко општество на Р.М. бараме јавно извинување на министер за информатичко општество во Владата на Р.М., г-динот Иво Ивановски,

Со почит,

13.11.2012, Скопје

Претседател на МАТУСИТЕБ

Тасин Ибрахим

REAKCIJA I OSUDA

Author: matüsiteb

Share This Post On